Со почеток од 16:00 часот во англиската Премиер лига денес се одиграа четири натпревари. Арсенал и Челзи во денешните натпревари запишаа минимални победи против Њукасл, односно Саутемптон. „Сините“ го совладаа Саутемптон со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Маркус Алонсо од слободен удар во продолжението од првото полувреме. Овој гол дојде како награда за екипата на Антонио Конте …


