Дома Фудбал Англија Мурињо: Секој фудбалер може да замине за одредена сума!

Мурињо: Секој фудбалер може да замине за одредена сума!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо додатно ги засили шпекулациите за евентуалната продажба на Хенрих Михтарјан во јануарскиот преоден рок.

Михтарјан не беше сврстен во тимот на седум од претходните осум натпревари, а медиумите пренесуваат дека Манчестер Јуанајтед чека понуди од заинтересираните клубови.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мурињо потврди дека секој фудбалер кој не е задоволен од статусот може да замине, но при одредена сума.

„За одредена сума секој играч може да си замине бидејќи секој фудбалер има своја цена. Ако некој играч не е среќен и дојде со молба, и ако сметаме дека сумата е добра, како што беше случај со Депај и Шнедерлин, никогаш нема да кажеме ’не’“, изјави Мурињо.

„Не го сакам многу јануарскиот преоден рок, но понекогаш се отвара шанса за играчи кои не треба да ги пропуштиш. Не сум фан на пазарот во јануари, но ако тогаш можеш да купиш играч, кој би го купил во јуни, одлично би било да го имаш неколку месеци по рано“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фонсека незадоволен од тимот: Ако треба и младинците ќе играат

Милан со многу среќа ја совлада Црвена Звезда и дојде до добра позиција кога е во прашање …