Дома Фудбал Англија Мурињо одлучи да ја прекине доминацијата на Сити: Пристигнува аргентинската ѕвезда за неверојатни 180 милиони евра (ВИДЕО)

Мурињо одлучи да ја прекине доминацијата на Сити: Пристигнува аргентинската ѕвезда за неверојатни 180 милиони евра (ВИДЕО)

Манчестер Сити со фантастична супериорност ги руши сите рекорди.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ако се види јавното мислење, многумина се убедели дека англискиот прволигаш веќе се закити со шампионската титула.

Дури и Жозе Мурињо призна дека битката за титулата веројатно е завршена.

„Мислам дека е готово. Манчестер Сити е одличен, среќата е на нивна страна. И боговите на фудбалот се со него“, малку иронично истакна стратегот на второпласираниот Манчестер Јунајтед кој зад градскиот ривал е (не)достижни 11 бодови.

Зошто иронично? Затоа што харизматичниот португалски тренер е одлучен во намерата на долги стази да ја пресече новонастанатата доминација на Манчестер Сити, како и успешноста на неговиот омразен колега, Пеп Гвардиола.

Покрај Антоан Гризман, Жозе Мурињо ги убеди своите надредени дека на најстрофејниот клуб му е потребен Пауло Дибала.

Островските медиуми, еден по друг, јавуваат дека раководството на Манчестер Јунајтед ја послушало молбата на шефот на стручниот штаб и за младиот напаѓач на Јувентус, за кои се подготвени да понудат 180 милиони евра.

Дибала има договор со „Старата дама“ до јуни 2022. година. Моментално на пазарот вреди 70 милиони евра, а редот на купувачите секој ден е се подолг. Во Јувентус пристигна од Палермо во летото 2015. година за 40 милиони евра. Во дресот на торинскиот клуб одигра во 117 службени настапи и притоа постигна 56 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…