Сопругата на фудбалерот на Арсенал Сеад Колашинац се најде во центарот на британската јавност. Имено, атрактивната Бела заврши на насловните страни во Велика Британија бидејќи се обидела илегално да внесе оружје, поточно пиштол електрошокер. Синоката Германка веројатно го носела за самоодобрана откако нејзиниот сопруг и Озил минатото лето беа нападнати од гангстери кои се обидеа да им одземат вредни работи. …

