Дома Фудбал Англија Повеќе нема пречки: Њукасл го добива најбогатиот газда во англискиот фудбал!

Повеќе нема пречки: Њукасл го добива најбогатиот газда во англискиот фудбал!

Надминати се сите проблеми Саудискиот принц Мохамед Бин Салман и неговиот инвестиционен фонд станаа сопственици на Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што објави државната телевизија во Саудиска Арабија, раководството на Премиер лигата дало зелено светло за продажбата на клубот и Салман со неговата компанија ќе стане нов сопственик на клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Принцот клубот го купи од Мајк Ешли за 300 милиони фунти, а во претходниот период постоеа проблеми околу договорот и добивањето на дозвола бидејќи Саудиска Арабија е обвинета за кршење на човековите права.

Сепак, кога веќе објави државната телевизија во оваа земја можеме да ја сметаме работата за завршена.

Мохамед бин Салман располага со неверојатни 320 милијарди фунти. Колку за споредба газдата на Сити, шеикот Мансур „тежи“ само „смешни“ 24 милијарди. Ако сакате, сите клубови заедно во Премиер лигата, односно нивните газди, не „тежат“ колку оној на Њукасл.

Тука можете да погледнете во каков замок живее новиот газда на англискиот премиерлигаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mурињо „отпишал“ тројца фудбалери на Реал, еден не сака да слушне да замине!

Жозе Мурињо ги „отпиша“ Фран Гарсија, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга, но последниот не с…