Дома Фудбал Англија Сопругата на играч на Арсенал уапсена за носење на пиштол!

Сопругата на играч на Арсенал уапсена за носење на пиштол!

Сопругата на фудбалерот на Арсенал Сеад Колашинац се најде во центарот на британската јавност.

Имено, атрактивната Бела заврши на насловните страни во Велика Британија бидејќи се обидела илегално да внесе оружје, поточно пиштол електрошокер.

Синоката Германка веројатно го носела за самоодобрана откако нејзиниот сопруг и Озил минатото лето беа нападнати од гангстери кои се обидеа да им одземат вредни работи.

На Островот се пишува дека Бела не знаела дека носењето пиштол електрошокер е забрането. Таа како пример за самоодбрана го навела тоа што во Германија е дозволено.

„Се беше недоразбирање, пиштолот беше запакуван и немаше батерии“, изјавила таа во своја одбрана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија извлече реми против Франција во Лига на нации

Италија успеа да извлече 1-1 реми против Франција во Париз, благодарение на голот на Алеса…