Вулверхемптон и Арсенал играат возбудлив натпревар на кој беше виден еден од најубавите голови сезонава. Поведе Арсенал со голот на Пепе, а Вулверхемтон израмни со голот на Невеш од пенал во 45-та минута. На самиот старт на второто полувреме Мутињо испрати „проектил“ од дваесетина метри и постигна гол кој сигурно ќе биде во конкуренција за Гол на сезоната.