Герет Бејл даде многу интересна изјава за време на пресконференцијата со репрезентацијата на Велс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој призна дека на крајот на сезоната ќе се врати во Реал Мадрид и дека дошол во Тотенхем само да ја одржи формата пред Европското првенство.
„Кај мене работите се јасни. Главната причина поради која дојдов во Тотенхем оваа сезона е за да играм фудбал. Сакав да бидам спремен за Европското првенство. Планот беше да дојдам во Тотенхем на една сезона, бидејќи имам договор на уште една година со Реал. Мојот план е да се вратам во Мадрид“, изјави Бејл.
Бејл се врати во Тотенхем во септември и до овој момент има постигнато 10 гола на 25 меча за „спарси“.