
Меѓу најголемите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лео Меси, го посети Камп Ноу, стадионот на кој речиси дваесет години го воодушевуваше светот со своите мајстории.
Во моментов на стадионот на Барселона се изведуваат големи градежни работи, а се очекува во блиска иднина првиот тим да може да ги игра своите натпревари од Примера на најголемиот стадион во Европа.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во емотивна објава на Инстаграм, Меси порача дека се вратил на местото кое му недостига со сето свое срце.
“Синоќа се вратив на местото кое ми недостига со сето срце. Место каде што бев неизмирно среќен, каде што ме направивте да се чувствувам како најсреќната личност на светот илјада пати. Се надевам дека еден ден ќе се вратам, и тоа не само за да се простам како играч, како што никогаш не успеав…”, напиша Меси.
Инаку, поради финансиските проблеми во 2021 година, Меси мораше да ја напушти Барселона, завршувајќи една ера во овој Каталонски клуб.