Дома Фудбал Фонсека откри дел од составот на Милан кој ќе ја нападне Ц. Звезда

Фонсека откри дел од составот на Милан кој ќе ја нападне Ц. Звезда

Во среда од 21:00 часот на „Сан Сиро“ ќе се одигра натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите, каде што Милан ќе ја пречека Црвена Ѕвезда.

Пред тој дуел, Паоло Фонсека изјави за медиумите со кој состав ќе излезе против црвено-белите од Белград.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Милан моментално се соочува со проблеми, откако беше поразен од Аталанта во Серија А минатиот викенд, но во Лигата на шампионите има три последователни победи.

„Нема да го менуваме стоперскиот пар Матео Габијa – Малик Тиао. Наместо Кристијан Пулишиќ ќе игра Рубен Лофтус-Чик. Од Рубен ќе го барам истото што го барам од Кристијан, бидејќи верувам дека е способен за тоа. Ќе има доста отворен простор, така е кога се игра во Лига на шампиони. Алваро Мората и Тами Абрахам нема да играат заедно. Можеби тоа ќе биде опција за некои од следните натпревари“, изјави 51-годишниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лиам Делап потпиша за Челси

ЧЕЛСИ го комплетираше трансферот на напаѓачот на Ипсвич Таун, Лиам Делап, за сума од 35,1 …