Дома Фудбал Фоден: Титула? Мора реално да ги гледаме работите

Фоден: Титула? Мора реално да ги гледаме работите

Манчестер Сити запиша само четири победи во последните 17 меча во сите натпреварувања. Шампионскиот тим на Пеп Гвардиола изгледа непрепознатливо оваа сезона и во моментов не изгледа како да може да конкурира за титулата во Премиер лигата. Со тоа се согласува и Фил Фоден.

Офанзивецот на Сити е сигурен дека клубот нема да ја освои својата петта последователна титула на англиските прваци. Тој тврди дека е „завршена работа“, откако неговиот тим со натпревар повеќе има 12 бодови помалку од лидерот Ливерпул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Титула оваа година? Тоа е завршено, завршена приказна. Го разбираме тоа. Не сме глупави. Целиме на едно од првите четири места и на што е можно подобар успех во Лигата на шампионите. Сезоната не е завршена. Мора реално да ги согледаме работите. Нашите изведби не се на посакуваното ниво“, рече Фоден во коментарот за сезоната.

Фоден постигна четири лигашки голови во 16 одиграни натпревари оваа сезона. Во Лигата на шампионите додаде три голови преку пет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во вторник игра најголем натпревар во својата историја. Во Приштина пристига Турциј…