
Антонио Рудигер се наоѓа на раскрсница во кариерата бидејќи неговиот моментален договор со кралскиот клуб важи до јуни 2026 година. Според извори блиски до клубот, продолжувањето на соработката целосно зависи од неговата одлука во следните месеци.
Според информациите кои ги пренесува шпанскиот “Defensa Central”, Рудигер има неколку исклучително примамливи понуди од Саудиска Арабија. Некои клубови се подготвени да му понудат договор кој би го направил еден од најплатените дефанзивци во светот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, искусниот стопер не брза. Во моментот е фокусиран на опоравување од повреда, и како што дознава овој извор, сака да почека и да види како ќе реагира неговото тело во следните неколку недели пред да донесе конечна одлука.
Неговите физички проблеми предизвикани од последната повреда загрижија и стручниот штаб на Реал, кој сака појасен план за иднината.
Флорентино Перес, претседателот на Реал Мадрид, наводно го поставил март како краен рок – или Рудигер ќе ги прифати новите услови на договорот и ќе ја покаже својата посветеност на клубот, или ќе биде пуштен да бара нова средина на лето.
Навивачите се поделени – додека едни сакаат клубот да го задржи искусниот лидер на одбраната, други сметаат дека треба да се даде шанса на помладите играчи.
Рудигер пристигна во Реал Мадрид од Челзи во 2022 година како слободен играч и веднаш се наметна како важна фигура во тимот.