
Чави Ернандез предизвика „земјотрес“ во Барселона поради интервјуто во кое откри разни работи, а особено се осврна на отказот што го доби додека беше тренер. Се разбира, тоа беше тема што вчера не можеше да ја избегне ниту Ханси Флик, но изјавата на германскиот тренер ги изненади навивачите на каталонскиот клуб.
Чави како фудбалер остави неизбришлива трага бидејќи помина скоро целата играчка кариера во Барселона и со тој клуб освои сè што можеше.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
После тоа се врати во Барселона како тренер во ноември 2021 година и успеа да освои титула со тој клуб. Но, во летото 2024 година Чави доби отказ само неколку недели откако Жоан Лапорта изјави дека тоа нема да се случи.
Очигледно тоа предизвика големо огорчување кај Чави, но тој не се огласуваше на таа тема тогаш. Меѓутоа, пред претседателските избори реши да даде интервју кое ја шокираше Барселона бидејќи навистина „удри” на Лапорта и неговите соработници.
Флик го прашаа како ги коментира сите работи што Чави ги кажа за Лапорта и неговите соработници, но и изјавата дека Ханси му се извинил на Чави кога дознал дека му дале договор нему и пред да му дадат отказ на Чави.
Иако се очекуваше Флик да возврати, на крајот, Германецот ги изненади сите со своите зборови за Чави.
„Зборовите на Чави? Ние сме колеги и имаме одлични односи. Го посетив, комунициравме, но тоа е приватна работа. Ја знам вистината, но ќе ја чувам за себе. Нема да говорам јавно”, рече Флик.