Дома Фудбал Флик во проблем: Барса остана без уште еден важен фудбалер!

Флик во проблем: Барса остана без уште еден важен фудбалер!

Барселона оваа сезона се бори со повреди, а сега уште еден од нивните важни играчи претрпе повреда.

По исклучително успешната сезона под водство на Ханси Флик, Барселона оствари неверојатни резултати. Германскиот тренер ја освои Суперкупот на Шпанија, Купот на кралот и конечно титулата во националното првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Минатата сезона беа супериорни во секој аспект во однос на нивниот најголем ривал – Реал Мадрид.

Сепак, она што им недостасуваше на Флик и неговите играчи беше трофејот од Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани во полуфиналето од Интер од Милано.

По така успешната сезона, имаа одлична основа за новата, а ова лето дополнително го засилија својот состав.

Во текот на летниот трансфер период, во Каталонија пристигнаа Маркус Рашфорд, Жоан Гарсија, Руни Бардџи и други…

Новата сезона започна извонредно за “Блауграна” и не знаеја за пораз сè до пред десет дена.

Пред десет дена, ПСЖ им го нанесе првиот пораз оваа сезона во натпреварите од групната фаза на Лигата на шампионите во драматична завршница.

Вториот пораз дојде веднаш потоа, во наредниот натпревар. Севиља ги совлада со убедлива победа од 4:1.

Еден од главните проблеми за падот на формата на Барселона се повредите што ги зафатија многу од нивните играчи.

Моментално надвор од теренот се: Ламин Јамал, Гави, Жоан Гарсија, Рафинја, Андреас Кристенсен и Фермин Лопез.

Сега Барселона се соочува со нови потешкотии бидејќи и Дани Олмо се повредил на тренингот на репрезентацијата на Шпанија. Се работи за повреда на листот, за која се вршат дополнителни прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …