Дома Фудбал Флик призна дека ќе се откаже од 9 играчи

Флик призна дека ќе се откаже од 9 играчи

За време на денешниот отворен тренинг на Барселона, присутните новинари во клупската база имаа можност да поразговараат неколку минути со тренерот на тимот Ханзи Флик.

Очекувано, германскиот стручњак бил прашан во врска со иднината на капитенот Марк-Андре тер Стеген, како што пишува “Мундо Депортиво”. Флик одговорил само дека финансиската состојба на клубот е деликатна, и затоа случајот со голманот зависи од неа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тренерот исто така потенцирал дека наместо тоа сакал да зборува за новопридобиениот голман Жоан Гарсија, кој е предвиден за новиот стартер на оваа позиција. Тој акцентирал дека клубот многу вложува во новото засилување и дека неговото ангажирање е резултат на целосна согласност на спортско-техничкиот штаб.

Покрај тоа, Флик признал пред новинарите дека ќе треба да се откаже од деветмина играчи за претстојната азиска турнеја на тимот. Во моментов под негово водство тренираат 35 фудбалери, ако се исклучи Тер Стеген, а намерението на тренерот е да се потпре само на 26 од нив за претстојните пријателски натпревари со Висел Кобе, ФК Сеул и Даегу ФК во Јапонија и Јужна Кореја. Најверојатно повеќето од играчите кои ќе останат во Барселона ќе бидат од младинските категории кои Германецот ги повикал на тренинг со првиот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид без влкана на јазикот: Бев подобар од Левандовски и Халанд

Во интервју за една емисија, прославениот напаѓач, кој остави силен впечаток во дресовите …