Дома Фудбал Флик донесе одлука: Фудбалерот од средниот ред оди на позајмица

Флик донесе одлука: Фудбалерот од средниот ред оди на позајмица

Гави и Френки де Јонг се вратија од тешките повреди, што значи и зголемување на конкуренцијата во средниот ред на Барселона.

Тренерот Ханси Флик ќе испрати еден од играчите од средниот ред на позајмица, а според шпанските медиуми, тоа ќе биде Пабло Торе (21).


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Торе, кој може да игра и на левото крило, оваа сезона добиваше малку шанси да биде на теренот.

Ги одигра само 248 минути во лига во седум натпревари, а во последните пет натпревари не влезе во игра. Според каталонскиот „Спорт“, не би требало да има проблеми околу пронаоѓањето на клубот во кој Торе ќе го помине вториот дел од сезоната.

Барса го испрати Торе на позајмица и претходно, така што минатата сезона го носеше дресот на Жирона.

Под договор е со клубот и за следната сезона. И покрај малата минутажа, оваа сезона постигна два гола против Севиља (играше 14 минути), а против Виљареал беше и стрелец и асистент (играше 59 минути).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор, Рејндерс наскоро става потпис

Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски …