Дома Фудбал ФК Вардар: Нашата грешка е што не му дадовме три-четири гола на „Мали Ѕинго“

ФК Вардар: Нашата грешка е што не му дадовме три-четири гола на „Мали Ѕинго“

Со соопштение по вчерашниот натпревар помеѓу Вардар и Силекс денес се огласија и од редовите на „црвено-црните“.

Соопштението од Вардар ви го пренесуваме во продолжение:

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Вардар не сака и нема да навлегува во расправии со примитивни и провинциски структури на фудбалското подземје и кладилничарската мафија во Македонија собрана во кратовскиот прволигаш.
Злоупотребата на истоимената телевизија од истоимениот клуб на феудалната фамилија е работа на немоќ и безидејност. И се коси со било кои новинарски стандарди, норми и морал.
За жал по Силекс, дојдено е времето на “новото нормално” на кое ќе треба да се привикнат, односно време каде нема нарачки на подобни судии кои треба да го обезбедат резултатот што спортски неможат и не заслужуваат да го постигнат.
Како што беше случај есеноска кога на Арената ни дадоа гол од офсајд во 95-та минута кој беше поништен, а потоа по долги “консултации” беше признат. Вардар тогаш не плачеше, се сврте кон себе и кон решавање на своите проблеми. Плачењето им го остави на размрсулавените плачковци.

Фактите кажуваат дека ФК Вардар вчера имаше посед на топка од 75%, 15 шута од кои 8 во рамките на голот и 6 стонастотни шанси. Нашите противници Силекс од Кратово, предводени од луѓе што го финансираат клубот од фиксирање натпревари, и кои своевремено го испаднаа Пелистер од првата лига, немаа ниту еден удар во рамките на нашиот гол.

Единствената грешка што вчера ја направи нашата екипа е што не му даде 3-4 гола на Мали Ѕинго. Затоа со душа ја чекаме средбата што меѓу нас и нив ќе се одигра во третиот круг од прволигашкото натпреварување, каде на терен ќе се покаже кој е кој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…