Дома Фудбал ФИФА „вирусот“ го погоди ПСЖ, Дембеле неизвесен за Барса!

ФИФА „вирусот“ го погоди ПСЖ, Дембеле неизвесен за Барса!

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и францускиот национален тим Усман Дембеле се повреди за време на натпреварот.

Тој ја претрпе повредата во триумфот на Франција над Украина, а првите проценки не се оптимистички.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се поставува прашањето дали Дембеле ќе биде достапен за дуелот со неговиот поранешен клуб Барселона, во рамките на второто коло од Лигата на шампионите.

ПСЖ ја брани титулата европски шампион, а средбата со Барселона е закажана за 1 октомври, додека на почетокот ќе играат дома против Аталанта на 17 септември во 21.00 часот.

Дембеле сигурно ќе го пропушти натпреварот со тимот од Италија, а неговото учество против Барселона останува под голема неизвесност.

Да потсетиме, денеска беше објавено дека Луис Енрике мораше да биде опериран поради скршеница на клучната коска добиена при велосипедска несреќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

По втор и веројатно последен пат, искусниот крилен фудбалер се врати во татковината. Овој …