Дома Фудбал ФИФА подготвува правило кое ќе го смени фудбалот засекогаш!

ФИФА подготвува правило кое ќе го смени фудбалот засекогаш!

Светската фудбалска јавност наскоро би можела да биде сведок на една од најголемите промени во правилата во последните години. Новото решение, кое е во подготовка, има за цел да стави крај на сè почестите обиди за одложување на времето на теренот.

Според достапните информации, иницијативата ја предводат ФИФА и International Football Association Board (IFAB), органи задолжени за донесување и измени на фудбалските правила.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Суштината на предлогот е едноставна, но многу строга. Секој играч кој ќе добие медицинска помош на теренот ќе мора по тоа да остане надвор од игра цели 60 секунди.

Тоа значи дека фудбалерот, по укажаната помош, нема да може веднаш да се врати во игра, туку ќе мора да помине цела минута покрај аут-линијата, без разлика на важноста на моментот во натпреварот.

Целта на оваа мерка е јасна – да спречи симулирања и намерно задржување на играта за да се зачува предноста или да се забави ритамот на противникот.

Здолжувањето на времето со години е една од најголемите забелешки на навивачите, тренерите и аналитичарите, посебно во завршниците на напнати средби.

Со воведувањето на задолжителните една минута надвор од теренот, ризикот за тимот станува значително поголем, бидејќи тимот во тој период би играл со играч помалку.

Таквата ситуација би можела да отвори простор за противникот да ја искористи бројната предност, што би донело на тренерите нова тактичка димензија.

Предлогот ќе биде официјално разгледан оваа сабота на годишното генерално собрание на IFAB, каде што ќе се гласа за него.

Ако добие потребна поддршка, новото правило би можело да стапи на сила веќе следната сезона во натпреварувањата ширум светот.

Ова не би била првата значајна промена во модерниот фудбал, но многумина сметаат дека би можела да има огромно влијание на динамиката на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Започна изградбата на најголемиот стадион во светот: Ова е Тронг Донг и нешто досега невидено

Изградбата на најголемиот стадион во светот официјално започна. Стадионот ‘Тронг Дон…