Дома Топ вести ФИФА ги објави кандидатите за најдобар: Меси најголемо изненадување!

ФИФА ги објави кандидатите за најдобар: Меси најголемо изненадување!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, и Винисиус Жуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобрите играчи во 2024 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Како што денес соопшти ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best“ се претежно играчи кои настапуваат за Реал Мадрид, Манчестер Сити, Барселона и Баер Леверкузен, а единствениот кандидат кој не игра во Европа е Лионел Меси од Интер Мајами и Аргентинецот е најголемото изненадување бидејќи не оствари некој посебен индивидуален успех во изминатата година..

Родри на крајот од октомври ја освои престижната „Златна топка“, која „Франс фудбал“ ја доделува за најдобар играч од претходната година, а во финалето од тоа гласање беше подобар од Винисиус, чиј клуб ја бојкотираше церемонијата во знак на протест затоа што бразилскиот фудбалер не го доби признанието.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Кандидати се уште Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Бајер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид но на крајот од минатата сезона ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Германската легенда со совет до Барса – препорача засилување од 28 милиони евра: Тој е фудбалер кој може да направи разлика!

Во последниот летен трансфер период, една од областите која се очекуваше дека Барселона ќе…