Дома Фудбал ФФМ со голема најава: ВАР собата во Македонија ќе биде една од најмодерните во Европа!

ФФМ со голема најава: ВАР собата во Македонија ќе биде една од најмодерните во Европа!

Фудбалската федерација на Македонија денеска имаше голема најава за ВАР системот кој од наредната сезона треба да се користи во ПМФЛ.

Според зборовите на генералниот менџаер и инструктор од ФИФА, Дaлибор Ѓурѓевиќ, ВАР собата во просториите на ФФМ ќе биде една од најмодерните во Европа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„ВАР не е само технологија, тоа е систем што бара поддршка и посветеност. А, кога првиот човек на федерацијата стои зад еден ваков проект, тогаш знаете дека успехот е реална цел.

Условите во кои работиме овде ги споредувам со оние во многу поголеми фудбалски сојузи и можам слободно да кажам дека раководството на ФФМ, посебно претседателот Масар Омерагиќ, обезбеди феноменални услови за работа, особено за судиите ВАР собата во зградата на ФФМ ќе биде една од најмодерните во Европа. Дури и во некои од првите десет лиги во Европа, судиите немаат вакви услови. Затоа, тие имаат обврска да го оправдаат ова вложување и поддршката што ја добиваат. ВАР е само еден сегмент што ќе ги следи позитивните случувања во македонскиот фудбал“, вели Ѓурѓевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девојче кое собира топчиња се онесвести покрај теренот, реакцијата на тенисерката го обиколи светот (Видео)

Непријатен момент го прекина мечот на Австралија Опен и ја загрижи целата публика. Првиот …