Дома Фудбал ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа разгледани повеќе точки од дневниот ред.

Меѓу одлуките, ФФМ ја утврди и цената на влезниците за квалификацискиот дуел со Казахстан што ќе се одигра на 13 октомври на домашен терен. Билетите ќе чинат од 300 до 500 денари, во зависност од местото на трибините, исто како и за последниот меч со Лихтенштајн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Федерацијата повторно ја задржува праксата за бесплатен влез за младите категории – сите фудбалери од Детската лига, регионалните школи и клубовите (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) кои ќе бидат во придружба на своите тренери ќе можат без надомест да го следат натпреварот.

Останатите донесени одлуки можете да ги видите – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот меѓу седум напаѓачи бара замена за Исак, едно од имињата и моќен Србин

Челниците на Ливерпул наводно се подготвени да влезат на пазарот за уште еден напаѓач во ј…