Дома Фудбал ФФМ не по поразот не ја заборави „Фалангата“!

ФФМ не по поразот не ја заборави „Фалангата“!

Раководството на Фудбалска федерација на Македонија упати јавна благодарност до македонските навивачи кои во голем број отпатуваа во Копенхаген и од трибините дадоа силна поддршка на националниот тим во дуелот со Данска.

Од „Куќата на фудбалот“ не ја изоставија ниту домашната јавност, потенцирајќи дека изминативе денови целата земја беше обединета околу репрезентацијата и надежта за историски успех – пласман на Светско првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, сонот за Мундијалот заврши уште во полуфиналето од баражот, откако Данците ја потврдија фаворитската улога и славеа убедливо со 4-0.

„Голема благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација. Вашата поддршка е дополнителен мотив да продолжиме да растеме и да бидеме уште посилни“, порачаа од ФФМ.

И покрај разочарувањето, избраниците на селекторот ќе одиграат уште еден натпревар – гостување кај Република Ирска во Даблин, дуел кој има ревијален карактер и нема натпреварувачко значење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Рој Хоџсон се врати и на 78 години ќе води клуб од Чемпионшип!

Англискиот фудбалски стручњак Рој Хоџсон, по две години пензија, повторно ќе го води Брист…