Дома Моторспорт Фернандо Алонсо има една желба пред пензија

Фернандо Алонсо има една желба пред пензија

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека би му било тешко да се повлече од Формула 1 на крајот на 2026 година, ако тимот не биде конкурентен следната сезона.

Договорот на 44-годишниот двоен шампион истекува на крајот од следната година, а Алонсо рече дека размислувал за напуштање на Формула 1.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


“Ако работите одат добро, мислам дека тоа е многу добар момент да престанам, бидејќи долго, долго време сум се борел за конкурентен болид и натпреварувачко возење и ако тоа го постигнам, тоа ќе биде многу добар начин да ја завршам кариерата“, рече Алонсо, соопшти Астон Мартин.

„Да речеме, ако сме конкурентни, поголеми се шансите да престанам. Ако не сме конкурентни, ќе биде многу тешко да се откажам без нов обид“, додаде шпанскиот возач, пренесе Би-Би-Си (BBC).

Алонсо освои титули во 2005 и 2006 година возејќи за Рено, а не победил на трка уште од 2013 година, кога возејќи за Ферари триумфираше на трката во Шпанија.

Алонсо за четири години во Ферари три пати беше вицешампион, а во 2010 и 2012 година заостануваше пет и четири бода зад шампионот Себастијан Фетел од Ред Бул, и покрај тоа што возеше послаб болид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ферстапен ја смета одбраната на титулата како невозможна мисија – Норис или Пјастри ќе стане шампион

Големата награда на Бразил на Интерлагос во Формула 1, се вози денес од 18 часот. Пол пози…