Дома Фудбал Феномено го избра својот најлош соиграч: Врвна личност, но како играч беше многу лош

Феномено го избра својот најлош соиграч: Врвна личност, но како играч беше многу лош

ЛЕГЕНДАРНИОТ Роналдо Назарио во Бразил гостуваше во подкаст што го води друга легенда, Ромарио, кој го праша за најдобрите и најлошите соиграчи во неговата легендарна кариера.

Роналдо прво проговори за најдобрите поединци со кои играл: „Најдобар беше Роналдињо Гаучо во репрезентацијата и Зинедин Зидан на клупско ниво.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Зизу имаше многу знаење, тој беше различен, многу силен технички, правеше сè едноставно“.

Ромарио тогаш се интересираше кои се најлошите соиграчи на Роналдо, а Феномено рече: „Малку е тешко, но има едно момче кое се истакнува. Тој беше многу добар пријател, врвна личност, но едноставно многу лош како фудбалер, а тоа е Томас Гравесен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го критикуваат зошто не дојде на погребот на Жота: Позната причината!

Кристијано Роналдо одлучи да не присуствува на погребот на Диого Жота и Андре Силва за да …