Дома Фудбал Фенербахче не се шегува: Со 40 милиони евра тргнува по фудбалер на Интер

Фенербахче не се шегува: Со 40 милиони евра тргнува по фудбалер на Интер

Фратези има важечки договор со Интер до јуни, 2028 година.

Италијанските медиуми информираат дека турскиот клуб Фенербахче е подготвен да понуди 40 милиони евра за 26-годишниот Давиде Фратези, играчот за врска на миланскиот Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа зима, Фенербахче планира да ги засили своите редови со играч кој во кариерата има одиграно 33 натпревари за италијанската репрезентација и постигнато осум голови, но кој оваа сезона има помала минутажа во Интер.

Претходно за него имаше интерес првенствено Јувентус, а потоа и Наполи и Рома, но Интер претпочита да го продаде во странство наместо да го зајакне еден од конкурентите во италијанската Серија А.

Во претходните натписи беше споменато дека Интер би бил задоволен и со понуда од 35 милиони евра, а предложената сума од страна на турскиот клуб би била позитивно прифатена на Сан Сиро. Интер моментално е лидер во италијанската Серија А, додека Фенербахче е втор на табелата во турската Суперлига, со три бода помалку од водечкиот Галатасарај.

Фратези ја започна својата професионална кариера во Сасуоло, а потоа беше на позајмици во Асколи, Емполи, Монца и Интер, каде што од 2024 година стана дел од тимот.

Со Интер има важечки договор со Интер до јуни, 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшна сцена: Велкоски на футсал натпревар се заби со глава во ѕид! (Видео)

Дуелот во футсал меѓу екипите на Сараево и Вратник беше засенет од немил настан во кој гла…