Дома Фудбал Фати конечно ја напушта Барса, откриени се деталите

Фати конечно ја напушта Барса, откриени се деталите

Како што е познато, Ханси Флик не смета на младиот Шпанец и Барселона му соопшти уште пред неколку недели дека за него најдобро е да најде нов клуб, а тоа ќе биде – Монако.

Иако станува збор за позајмица, Монако ќе има обврска да го откупи наредното лето за 14 милиони евра. Сепак, Барселона ќе вклучи и клаузула за повторно враќање, според која потенцијално во иднина ќе може да го врати ако плати 28 милиони евра.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Фати не сакаше да оди во друг клуб, му се допадна проектот на Монако, со кој ќе игра и во Лигата на шампионите.

Фати, после тешката повреда на коленото во есента 2020 година, помина низ вистински пекол поради што никогаш не ја најде вистинската форма.

Тој замина на позајмица и во Брајтон, но и таму го следеа повреди, па поради тоа и слаба форма.

Тој е дете на Барселона, своевремено наследи број 10 од Лео Меси, но тоа беше преголем залак за него.

Целиот свет се надева дека Фати во Монако ќе успее да ја пронајде вистинската форма и да го врати стариот сјај, бидејќи, да напомнеме, има само 22 години…

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе објави дека ќе го носи бројот 10, веднаш реагираше и Модриќ (Фото)

Килијан Мбапе следната сезона ќе го носи бројот 10 во Реал, потврди клубот од Мадрид со об…