Дома Фудбал Фантастичен гол на Барди од слободен удар за Коњаспор (Видео)

Фантастичен гол на Барди од слободен удар за Коњаспор (Видео)

Коњаспор не успеа да избегне пораз на гостувањето кај Аланијаспор, откако домаќинот славеше со 2-1 во рамки на турскиот шампионат. И покрај негативниот резултат, македонскиот репрезентативец Енис Барди повторно покажа класа со погодок кој ги воодушеви присутните.

Аланијаспор прв дојде до водство преку Руан во 37. минута, кој ја искористи една од подобрите акции на својот тим и ја затресе мрежата на гостите. Во завршницата од натпреварот, Хадерѓонај беше сигурен од белата точка и зголеми на 2-0, ставајќи го Коњаспор во тешка позиција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, Барди не се откажа. Во 83. минута испрати вистинска „бомба“ кон противничкиот гол и намали на 2-1, поставувајќи ги конечните бројки на семафорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпански „Ас“ за однесувањето на Италијанците: Кармата е страшна работа

Италијанската фудбалска репрезентација остана без учество на трето последователно Светско …