Дома Фудбал Фановите шокирани: Еве колку треба да платите за пиво и пуканки на стадион во САД

Фановите шокирани: Еве колку треба да платите за пиво и пуканки на стадион во САД

Цените за храна на фудбалските стадиони ширум светот се популарна тема на социјалните мрежи, а специјализираната страница Footy Food повторно го привлече вниманието со својата последна објава.

Навивачите на стадионите плаќаат за храна многу повеќе од очекуваното, но вистински хит стана сумата што треба да ја издвоите ако сакате да се почестите за време на натпревар во Лос Анџелес.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Лос Анџелес ФК, кој учествува во американската МЛС лига и станува сè попопуларен сезона по сезона, е вистински „шампион“ кога се зборува за цените на храната на стадионите.

Страницата Footy Food, која се занимава со анализирање на цените на фудбалските стадиони на глобално ниво, објави слика од сад со пуканки и лименка пиво на стадионот во Лос Анџелес.

Еден навивач за ова искуство плати 33 долари, што е приближно 30 евра, и тоа брзо привлече внимание на социјалните мрежи. Фановите останаа зачудени од цената за порција со пуканки и лименка од пола литар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли се врати во клубот кој го напушти во 2019 година

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли официјално се враќа на чело на Фиорентина, о…