Дома Фудбал Фабрицио Романо открива: Ова е судбината на Лионел Меси

Фабрицио Романо открива: Ова е судбината на Лионел Меси

Во последните неколку месеци многу се шпекулираше за тоа каде ќе ја заврши кариерата еден од најголемите фудбалери на сите времиња – Лионел Меси.

Според сѐ, Лионел Меси ќе ја заврши својата кариера во редовите на Интер Мајами.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ваквите вести, како и веста за новиот договор на легендарниот Аргентинец со клубот на Дејвид Бекам, ги објавија многу светски медиуми.

Меѓу нив е и најпознатиот инсајдер во светот на фудбалот, Фабрицио Романо.

Романо истакна дека сè е многу блиску до договор, но нагласи дека со денешниот ден не може да потврди дека сè е завршено.

Така што не беше изговорен познатото “Here we go”, кое патем летово неколку пати беше погрешно најавено.

„Меси е многу блиску до договор за нов договор со Интер Мајами. Преговорите се во напредна фаза.

Сепак, договорот сѐ уште не е постигнат. Остануваат уште неколку точки на преговори и одобрување од МЛС дека таков договор е можен.

Постигнување на договорот би можело да биде склучено наскоро, бидејќи преговорите се забрзаа во последните недели”, напиша Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се засилува со ѕвезда на Баерн

Милан во зимскиот преоден рок сака да го засили тимот, а приоритет ќе биде доведување на и…