![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-08-102130-850x491.jpg)
Фудбалерите на Комо беа поразени од екипата на Јувентус со резултат 2:1, а кобен за избраниците на Сеск Фабрегас беше голот на Рандал Коло Муани во 89. минута кој беше прецизен од пенал.
Иако таквата судиска одлука не беше спорна според мислењето на Фабрегас, Шпанецот го крена гласот за ситуацијата неколку минути подоцна кога изостана реакција од судијата во казнениот простор на Јувентус.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
“Денеска нема да молчам. Тоа беше чист пенал. Доста е. Не го обвинуваат судијата кој можеби не ја видел ситуацијата, но ВАР-собата мораше да ја види и ВАР-собата е она што ми предизвикува сомнеж. Сомнеж за тоа како се анализираат ситуациите за време на натпреварот во таа соба,” изјави Фабрегас по натпреварот.
Тој ја истакна и некои претходни одлуки на арбитрите кои не беа во полза на новајлијата во Серија А.
“Против Лацио, Жиго стартуваше остро на Нико Паз. Не велам дека беше ситуација за црвен картон, но изгубив играч на три натпревари, а не беше досуден ниту фаул, ниту беше покажан жолт картон. Против Милан пред голот беше очигледен фаул на средина на теренот и ништо, корнер и 1-1. Против Удинезе, Голданига не го допре играчот, а доби жолт картон и исклучување,” истакна Сеск Фабрегас.
Комо се наоѓа на 15. позиција во Серија А со 22 бодови.