Дома Останати Тенис Eпски пресврт на Австралија Опен: Серена имаше 5:1, четири меч топки и изгуби! (ВИДЕО)

Eпски пресврт на Австралија Опен: Серена имаше 5:1, четири меч топки и изгуби! (ВИДЕО)

Катерина Плишкова режираше еден неверојатен пресврт и се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен.

Чешката тенисерка со еден неверојатен пресврт ја победи Серена Вилијамс со резултат 4:6, 6:4 и 7:5.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Серена која е седумкратна шампионка на Австралија Опен имаше предност од 5:1 во третиот сет и дури четири меч топки, но и тоа не и беше доволно да слави победа.

Кога Американката стигна до 5:1 сите очекуваа и рутински да го приведе натпреварот кон крајот и никој не очекуваше дека Плишкова ќе пронајде излезе од таа наизглед безилезна ситуација.

Тогаш Серена доживеа огромен пад во играта. Влијание веројатно имаше и една незгодна промена на положбата на нејзиниот глужд. Плишкова успеа да освои шест гема во низа и го режираше еден од најголемите пресврти во историјата на Грен Слем турнирите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …