Дома Фудбал Останато Eнрике се огласи: Жалам што не можев да помогнам…

Eнрике се огласи: Жалам што не можев да помогнам…

Денес Луис Енрике си замина од клупата на Шпанија по елиминацијата на Мароко на Светското првенство. Енрике Шпанија ја водеше од 2018 година, а него го наследи Луис Де Ла Фуенте.

Неколку часа по заминувањето Енрике се огласи преку социјалните мрежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„До играчите, кои беа пример за добро однесување и кои ја следеа идејата, жалам што не можев повеќе да ви помогнам. Ми беше задоволство да бидам дел од ова заедно со вас.

На крај, но не и најмалку важно, порака до навивачите кои не поддржуваа цело време, особено во тешките моменти. Време е да се збогуваме. Само уште една порака.

Она што сега му треба на тимот е поддршка за новиот селектор Луис де ла Фуенте за да може да го постигне тоа што сите до сакаме. Напред, Шпанија. Засекогаш. Ви благодарам“, стои во објавата на Енрике.

Инаку, Де Ла Фуенте е човек кој долги години е во шпанскиот репрезентативен фудбал, беше селектор на неколку младински репрезентации и освојуваше европска титула со селекциите до 19 и 20 години. Во федерација е од 2013 година, кога ја напушти клупата на Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…