Покрај капитенот Горан Пандев и Елиф Елмас привлекува големо медиумско внимание пред настапот на Македонија на Европското првенство.
Голем број европски медиуми го најавија Елмас како некој кој може да блесне на овој турнир.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во најавата за УЕФА, Елмас тврди дека е подготвен за секој предизвик и испрати пофални зборови за Пандев.
„Пандев е некој кој направи многу за Македонија. Тој е успешен во Италија, но и во светот. Секако дека секој играч со затворени очи би потпишал да има кариера како неговата. Одигравме за цела нација, нашите соништа беа важни, но не така како на „бате Горан“. Спремни сме за предизвикот“, изјави Елмас.