Дома Топ вести Eден лош натпревар и Интер донесе одлука: Пристигнува нов голман, прегледите веќе се закажани!

Eден лош натпревар и Интер донесе одлука: Пристигнува нов голман, прегледите веќе се закажани!

Во модерниот фудбал нема место за емоции. Три години Даниеле Падели „чекаше“ Самир Хаднановиќ да се повреди и да дебитира во Серија А, бранеше минатото коло против Удинезе и не прими гол, но беше доволно само еден лош натпревар за да ја изгуби довербата и Интер да реагира.

Од утрово сите италијански медиуми пишуваат дека Интер закажал лекарски прегледи на Емилијано Вивијано. Искусниот 34 годишен голман некогаш беше стандарден помеѓу стативите на: Бреша, Болоња, Фиорентина и Сампдорија, беше и резервиста во Интер во сезоната 2011/2012, во таа сезона не настапи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вивијано е без клуб од септември од кога го раскина договорот со Септември. Пред тоа во пролетта 2019 бранеше за СПАЛ.

Во Интер ќе се надеваат на неговото искуство бидејќи немаат премногу избор. Уште не е познато кога Хандановиќ ќе се врати, а после проценката дека Падели можеше подобро да реагира при двата гола на Милан одлучено е да се реагира. Вивијано ќе добие договор на шест месеци со можност соработката да се продолжи на уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…