Дома Фудбал Eгипет ја победи Шпанија и како први се пласираа во четвртфиналето на ОИ

Eгипет ја победи Шпанија и како први се пласираа во четвртфиналето на ОИ

Во средбата од 3.коло од Ц групата на Олимпискиот фудбалски турнир, Египет во Бордо ја победи Шпанија со 2:1, освојувајќи го првото место во групата и пласман во четвртфиналето. Понатаму како второпласирани одат и Шпанците.

Во натпреварот кој го реши првото место во групата, Египет поведе во 40. минута со голот на Ибрахим Адел, а истиот играч го постигна вториот гол во 62. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанија во последните моменти од натпреварот намали на 2:1, а голот го постигна Омородион.

Во вториот натпревар од оваа група Узбекистан и Доминиканската Република одиграа 1:1. Нуњез ги доведе доминиканците во водство со гол од пенал во 51. минута, а израмни Одилов во 58. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И тоа се случи: Никој не сака да ја преземе клупата на Италија!

По неуспешните квалификации за Светското првенство, репрезентацијата на Италија чекори низ…