Дома Фудбал Европскиот фудбал вчера беше сведок на нереални сцени, играа во бели дресови на снег

Европскиот фудбал вчера беше сведок на нереални сцени, играа во бели дресови на снег

Дуелот од 27-то коло на романската Суперлига помеѓу Рапид од Букурешт и Ботошани (1:0) ќе остане запаметен по исклучително лошата организациска одлука која создаде потешкотии за сите.

Колку и да звучи нереално, гостинските фудбалери го одиграа овој дуел во комплетно бела варијанта, иако снегот го покри целиот терен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Надреалните сцени, какви ретко се гледаат во Европа, брзо станаа вирални ширум светот, а фотографиите и снимките од натпреварот во Букурешт ги преплавија социјалните мрежи.

Сите по овој натпревар се прашуваат како беше можно тоа да се случи и кој им даде дозвола на гостинските фудбалери да играат во бели дресови на снег.

Видео погледнете овде.

Ваквата одлука беше тешка за самите играчи и на двата тима, гледачите, коментаторите и навивачите на стадионот, бидејќи не можеа да видат каде се наоѓаат играчите на Ботошани во кое било време.

Пропусти во организацијата можат да се видат ширум светот, но тие ретко се присутни во европскиот фудбал.

Домаќинот на крај ја искористи “предноста” на видливи дресови и со голот на Денис Чиоботариу дојде до победа со резултат 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…