
Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ игра сезона од соништата во дресот на Милан и сè повеќе привлекува внимание од европските великани.
Со своите извонредни настапи во Серија А, се профилираше како еден од најдоверливите стопери на лигата, а интересот од Премиер лигата само го потврдува неговиот брз подем.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Според италијанските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучи и поранешниот европски првак, Челзи.
Лондонскиот клуб наводно е подготвен да издвои дури 40 милиони евра за да го донесе Павловиќ на Стамфорд Бриџ. Станува збор за сума која ги надминува претходните шпекулации, кога се споменуваше интересот на Галатасарај.