Дома Фудбал Европа е во исчекување: Мурињо се враќа на работа – почнал преговори со новиот клуб

Европа е во исчекување: Мурињо се враќа на работа – почнал преговори со новиот клуб

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо ненадејно доби отказ од Фенербахче пред еден месец и сега е слободен на тренерскиот пазар, а интерес има и од клубови и од репрезентации.

Се споменуваше дека Мурињо би можел да добие и селекторска позиција, интерес имаше и од Нотингем Форест, а сега португалските медиуми објавуваат спектакуларни вести.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, Жозе Мурињо постигнал начелна согласност со тимот на Бенфика.

Португалските медиуми пишуваат дека Лаж е веќе минато и дека Мурињо би можел да заврши сè со Бенфика до крајот на неделата.

Жозе Мурињо веќе беше на клупата на Бенфика, но само три месеци на почетокот од неговата тренерска кариера од септември до декември 2000 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси молчи, но доминира: Како неговото влијание ги обликува претседателските избори на Барселона?

Лионел Меси нема да има активна улога во претстојните претседателски избори на Барселона, …