Дома Фудбал Еве колку заработи Португалија со освојувањето на Лигата на нации

Еве колку заработи Португалија со освојувањето на Лигата на нации

Португалија триумфираше во Лигата на нации по подобро изведување пенали против Шпанија.

Натпреварот во регуларниот тек заврши со резултат 2:2. Баскијскиот двоец Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал ги постигнаа погодоците за Шпанија, додека за Португалија стрелаа Нуно Мендеш и Кристијано Роналдо. Со оваа победа, Португалија стана првата репрезентација која двапати го освоила натпреварувањето.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Со триумфот, Португалија освои значителна парична награда. УЕФА му доделува на победникот на Лигата на нации сума од 8.25 милиони евра, додека Шпанија, како финалист, ќе добие 6.75 милиони евра.

Третопласираниот тим на Франција инкасираше 5.75 милиони евра, а Германија доби 4.75 милиони евра.

Ова беше четвртото португалско финале и трета титула. Покрај двете титули во Лигата на нации (2025, 2019), Португалците станаа европски прваци во 2016 година. Тие исто така играа финале на ЕУРО во 2004 година, но тогаш дома загубија од Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Жоао Феликс беше едно време еден од најголемите потенцијали во европскиот фудбал, но негов…