Дома Фудбал Еве колку заработи Барселона од освојувањето на Суперкупот

Еве колку заработи Барселона од освојувањето на Суперкупот

Во фасцинантното финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона ја победи Реал Мадрид во Џеда, Саудиска Арабија, со резултат од 3:2. Каталонците до триумфот ги поведоа со головите Рафинја (2x) и Роберт Левандовски, додека за Реал погодија Винисиус и Гонзало Гарсија. Ова претставуваше осмо трофејно достигнување во тренерската кариера на Ханси Флик, со перфектен учинок од осум финални натпревари.

По освојувањето на Суперкупот, Барселона инкасираше два милиони евра. Вкупно, од ова натпреварување, клубот заработи околу осум милиони евра, што е значајно во контекст на нивната финансиска криза. Реал, кој заврши на второто место, доби 1.4 милиони евра, а вкупната заработка од натпреварувањето достигна околу 7.5 милиони евра.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


За Барселона ова е шеснаесетта титула во Суперкупот, додека Реал остана со тринаесет трофеи. Ова беше и петти триумф на Барса против Реал во последни шест дуели, што претставува вкупно 105. победа на каталонскиот клуб во најголемото дерби на шпанскиот фудбал. Реал води со една победа повеќе, а 52 натпревари завршиле нерешено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона веќе има подготвена замена за Ханси Флик: „Нема да ви го кажам името, но работи во…“

Кандидатот за претседател на Барселона, Шави Вилахоана, е подготвен да доведе нов тренер в…