Вечера се одигра последното коло во Лигата на шампионите во кое беа решение неколку дилеми, осум клуба директно одат во осминафиналето, додека екипите од 9-то до 24-то место ќе играат плеј-оф.
Екипите кои се изборија за директно место во осминафиналето се: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Големо внимание пред почетокот на денешните натпревари привлекуваше ситуацијата на Манчестер сити, а „граѓаните“ по првите 45 минути беа „елиминирани“, но со пресврт и победа од 3-1 над Клуб Бриж стигнаа до плеј-офот.
Екипите кои ќе водат битка за осминафиналето и ќе играат плеј-оф се: Аталанта, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Милан, ПСВ, ПСЖ, Бенфика, Моанко, Брест, Фејенорд, Јувентус, Селтик, Манчестер сити, Спортинг и Клуб Бриж.
Сите екипи во плеј-офот ќе можат да играат против двајца можни противници во зависност од позицијата на табелата, а јасно е и дека ќе гледаме едно големо дерби бидејќи Манчестер сити ќе игра против Реал Мадрид или Баерн Минхен.
МОЖНИ ПАРОВИ ЗА ПЛЕЈ-ОФ:
Аталанта – Клуб Бриж или Спортинг
Борусија Дортмунд -Клуб Бриж или Спортинг
Реал Мадрид – Селтик или Манчестер Сити
Баерн Минхен – Селтик или Манчестер сити
Милан – Феенорд или Јувентус
ПСВ – Феенорд или Јувентус
ПСЖ – Монако или Брест
Бенфика – Монако или Брест
Фејенорд – Милан или ПСВ
Јувентус – Милан или ПСВ
Селтик – Баерн или Реал Мадрид
Манчестер Сити – Баерн или Реал Мадрид
Спортинг – Борусија Дортмунд или Аталанта
Клуб Бриж – Борусија Дортмунд или Аталанта
Монако – ПСЖ или Бенфика
Брест – ПСЖ или Бенфика