Дома Фудбал Еве како изгледа костурот за нокаут фазата во ЛШ, ждрепката е утре (Фото)

Еве како изгледа костурот за нокаут фазата во ЛШ, ждрепката е утре (Фото)

Синоќа заврши лигашката фаза на Лига на шампиони, со што станаа познати сите екипи што ќе продолжат во нокаут-фазата на ова натпреварување.

Вкупно 24 екипи го обезбедија својот пат натаму, од кои осум ќе се пласираат директно во осминафиналето, додека екипите што завршија од 9-то до 24-то место ќе играат во плеј-офот за шанса да влезат во осминафинале.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити веќе се квалификуваа за осминафинале, додека во плеј-офот се пласираа Реал, ПСЖ, Њукасл, Интер, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Бајер Леверкузен, Борусија, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Бодо Глимт и Бенфика.

Веќе е познат планот за ждребот што ќе се одржи во петок.

Во плеј-оф натпреварите ќе се сретнат Борусија или Олимпијакос со Аталанта или Баер. Победниците од овие парови ќе играат против Арсенал и Баерн;

Во друг пар, Бодо Глимт или Бенфика ќе се соочат со Реал или Интер, а победниците од овие мечеви ќе се судрат со Спортинг и Манчестер Сити;

Во следниот пар, Монако или Карабаг ќе играат против ПСЖ или Њукасл, а победниците ќе се сретнат со Барселона и Челзи;

И за крај, Клуб Бриж или Галатасарај ќе се натпреваруваат против Јувентус или Атлетико, а најдобрите ќе играат против Ливерпул и Тотенхем.

Првите натпревари од плеј-офот ќе се одиграат на 17 и 18 февруари, додека реваншите се закажани за седум дена подоцна.

Екипите што се наоѓаат меѓу првите осум се мирни до март, кога ќе започнат натпреварите од осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дарко Велковски се враќа во Вардар, со него пристигнува и српско крило!

Екипата на Вардар денеска треба да го комплетира ангажманот на две нови засилувања, откако…