
Македонската ракометна репрезентација досега има одиграно шест официјални натпревари против Романија, сите во рамки на квалификациски циклуси или бараж-дуели за пласман на Европско и Светско првенство. Билансот меѓу двете селекции е израмнет – по три победи за секоја, но со подобра гол-разлика за македонскиот тим.
Првиот дуел се случи во 1997 година, во квалификациите за Светското првенство. На домашен терен во Скопје, Македонија забележа убедлива победа од 35-22, која и денес останува највисок триумф против Романија. На реваншот во Орадеа, Романија возврати со победа од 32-25.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Следните пресметки се одиграа дури во 2018 година. Македонските ракометари повторно беа сигурни на домашен терен, славејќи со 32-24, додека на гостувањето во Клуж доживеа минимален пораз од 26-25.
Последните два официјални натпревари меѓу двете селекции се одиграа во квалификациите за Светското првенство 2023. Во март 2022 година, Македонија повторно го искористи домашниот терен и славеше со 30-22 во Скопје, додека на реваншот во Букурешт, Романија триумфираше со 24-22.
Вкупниот биланс од шестте натпревари покажува дека Македонија постигна 169, а прими 156 голови, што ја потврдува големата неизвесност во дуелите меѓу овие репрезентации. Следниот пресметка меѓу Македонија и Романија се игра вечерва во рамки на третото коло од првата групна фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.