Златан Ибрахимовиќ не само што ќе го пропушти крајот на оваа фудбалска сезона, туку шведскиот ас ќе биде надвор од терените и за голем дел од наредната. Ова го пренесува телевизијата ESPN повикувајќи се на извори од Манчестер јунајтед, според кои повредата што шведскиот голгетер ја заработи на дуелот со Андерлехт е многу сериозна.
Неофицијално, ESPN тврди дека станува збор за кинење на лигаментите на коленото, поради што Ибрахимоциќ ќе паузира околу осум месеци, што подразбира дека неговото враќање на фудбалските терени ќе биде во 2018 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваa повреда сериозно ги пореметува плановите на Златан за потрагата по нов ангажман, со оглед на фактот дека неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезонава. Бидејќи е сигурно дека Јунајтед нема да му понуди нов едногодишен договор за платата што досега ја бараше (отприлика 200.000 евра неделно), па како опција се споменува преселба во САД.
Најдобриот играч и стрелец на Манчестер Јунајтед оваа сезона, го повреди коленото во 94.минута од регуларниот тек на натпреварот со Андерлехт, кој Јунајтед го доби по продолженијата со голот на Рашфорд во 107.минута.
Покрај Ибрахимовиќ на овој натпревар се повреди и дефанзивецот Маркос Рохо, кој во првиот дел ја напушти играта, а во наредните неколку денови ќе биде познато колкава пауза го очекува.
Златан Ибрахимовиќ (35) во Јунајтед пристигна минатото лето од ПСЖ и сезонава е клучниот играч во тимот на Жозе Мурињо. Швеѓанецот за Јунајтед, во тековната сезона, има одиграно 46 натпревари на кои постигна 28 голови.