
Ерлинг Халанд постојано се поврзува со двата најголеми шпански клуба. Барселона и Реал Мадрид покажуваат интерес за неговите услуги и би биле среќни да го видат во нивните редови во иднина.
Меѓутоа, доведувањето на „деветката“ од Манчестер Сити моментално претставува прилично голем проблем за двата тима. Немаат доволно пари за да го облече дресот на некој од овие екипи.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Од Шпанија пристигнуваат информации дека ни Барселона, ниту Реал Мадрид, барем засега, не можат да ангажираат Ерлинг Халанд.
„Доколку Пеп Гвардиола си замине од Манчестер Сити на крајот на сезоната, тогаш и Ерлинг Халанд би размислил што и како понатаму“, забележуваат извори од Шпанија.
Сепак, ако одлучи да си замине, Барса и Реал Мадрид отпаднуваат. Нема пари за негов ангажман.
„Во овој момент, ниеден тим не може да си го дозволи. Реал Мадрид не може да издвојува пари за плата, особено со оглед на присуството на Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор со огромни договори.“
„Од друга страна, Барселона нема средства за да си дозволи таков голем трансфер.“
Халанд би морал да избере друга насока. Прашање е дали има интерес некаде освен во Барса или Реал, а и нема многу клубови кои можат да му понудат суми кои ги посакува.