
Го Ахед Иглси шокантно го освоија Холандскиот куп, својот прв трофеј во историјата, победувајќи го во финалето АЗ Алкмаар по подобро изведување на пеналите (4:2).
107-то финале на Купот се играше на вториот ден од Велигден, на Де Кајп во Ротердам, домот на фудбалерите на Феенорд, каде имаше речиси 43.000 гледачи, а по 120 минути игра и серијата на пенали, клубот од Девентер го доби трофејот со резултат 4:2.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во 90 минути и повеќе беа видени два гола, двата постигнати од 11 метри.
Трој Перот беше прецизен во 54-та минута за АЗ, иако за погодок му требаше да шутира два пати, а во деветтата минута од надоместокот Орлите изедначија преку Матс Дејл, откако се играше со рака на 16 метри Пер Копмајнерс.
Во продолженијата немаше голови, и победникот беше одлучен по нови пенали. Два пенали промашија играчите на Алкмаар, Бурместер и Лахдо, поточно ги одбрани голманот на Орлите Де Бусер.
Сите беа прецизни во Го Ахед Иглсите, последниот пенал го погоди Дирксен и славјето можеше да почне.
Во 122 години долга историја на клубот, ова беше првиот трофеј за Иглс, додека АЗ остана со четири пехари во Купот, последниот освоен 2013 година.