
Кошаркарите на Партизан во 14-то коло на Евролигата играа против Бајерн пред своите навивачи, при што играчите на црно-белите беа исвиркани. Но, една сцена во текот на познатото интонирање на химната на Партизан особено ги трогна гледачите, а станува збор за малата Минја.
Откако Жељко Обрадовиќ пристигна во екипата на Партизан, секој пат кога излегуваше од тунелот го пречекуваше едно девојче по име Минја. Првично, таа го поздравуваше Жељко со “фрлање петка”, но овој обичај прерасна во нешто поголемо со текот на времето.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Жељко ја гледаше како свој талисман, и секогаш ја бакнуваше на глава кога излегуваше од тунелот. Ова се повторуваше на секој натпревар во Белград, без исклучок, иста сцена се одвиваше дури и на аеродромот.
Девојчето беше првото кое го поздравуваше, и Жоц ја гушкаше и бакнуваше и таму.