Дома Фудбал Емотивна сцена: Арнаутовиќ се расплака на претставувањето во Црвена звезда

Емотивна сцена: Арнаутовиќ се расплака на претставувањето во Црвена звезда

Марко Арнаутовиќ (36) официјално е нов фудбалер на Црвена звезда, и на своето претставување на стадионот Рајко Митиќ не можеше да ги сокрие емоциите. Иако требаше да биде свечен момент, конференцијата за медиумите ја одбележа моментот кога австрискиот напаѓач се скрши по прашањето за неговиот голем пријател и ментор, Синиша Михајловиќ.

Откако новинарите поставуваа прашања едно по едно, следуваше прашањето за односот кој го имал со Синиша Михајловиќ. Арнаутовиќ веднаш го покри лицето со рацете, обидувајќи се да ги задржи солзите, и едвај успеа да прозбори: „Ајде, не го правете тоа…”

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неколку моменти молчеше, обидувајќи се да се смири, а потоа со треперлив глас продолжи. „Ова е првото прашање што е навистина тешко, не требаше да ме прашаш за тоа. Тој за мене беше брат, татко, ми беше сè. Му реков дека еден ден ќе дојдам овде”, откри Арнаутовиќ.

Фoтo: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…