Дома Фудбал Eмоциите беа пресилни: Газдата на Ал Хилал како мало дете плачеше на трибините (Видео)

Eмоциите беа пресилни: Газдата на Ал Хилал како мало дете плачеше на трибините (Видео)

Претседателот на Ал-Хилал, Фахад бин Нафел, не можеше да ги прикрие емоциите и беше снимен како плаче на трибините по победата на неговиот тим против Манчестер Сити со 4:3 во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Ова беше историска победа за саудискиот клуб, имајќи предвид дека Сити беше апсолутен фаворит, но наместо тоа, станавме сведоци на вистинска сензација.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сити го отвори натпреварот одлично и поведе уште во деветтата минута преку Силва. Во остатокот од првото полувреме, англискиот тим целосно доминираше, но не успеа да постигне втор гол.

Казната за промашувањата дојде веднаш на почетокот на второто полувреме кога Ал-Хилал, преку головите на Маркос Леонардо и Малком, го сврти резултатот.

По само три минути, Халанд израмни на 2:2 и тој резултат остана до крајот на регуларниот дел.

Продолженијата донесоа уште драма со три постигнати гола. Прво Кулибали повторно го доведе Ал-Хилал во водство, а Фоден возврати од спротивната страна.

Конечните 4:3 ги постави Маркос Леонардо во 112. минута од натпреварот.

Ал-Хилал во четвртфиналето на Светското клупско првенство ќе се соочи со Флуминенсе, кој претходно го елиминираше Интер. Овој натпревар е закажан за петок во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Србите: Можат да останат без селектор!

Неочекувани предизвици за репрезентацијата на Србија Според информациите од Maxbet, силнит…